Се почитува ли кодексот на облекување во институциите?

Се почитува ли кодексот на облекување во институциите или правилата важат само на хартија? Минатата недела и МВР ги затегна мерките за почитување на кодексот на облекување, општините одамна имаат вакви правилници, но анкетираните граѓани во Штип велат дека на одредени места и натаму има непочитување на правилата. Тврдат оти често може да се забележи несоодветно облекување и кај вработените и кај странките кои ги посетуваат институциите. Според нив, особено во летниот период може да се забележат кратки здолништа, влечки, тренерки и друга облека која не доликуваат за местото. Сметаат дека правилата треба да важат подеднакво за сите и доследно да се почитуваат.

Правилата постојат, но прашањето е колку се почитуваат. Граѓаните имаат поделени мислења, но се согласуваат дека институциите треба да изгледаат професионално и пристојно. И додека најголем процент од вработените го почитуваат правилникот, останува прашањето колку истиот се почитува и од странките кои ги посетуваат институциит.

Иван Митев, М-Нет