Вработените во УЈП на протест, бараат зголемување на платите за 30%

Нов протест на вработените во УЈП. Денеска пред Министерството за финансии тие го изразија своето незадоволство кон мнистерот за финансии, оти не дал согласност за потипшување на колективниот договор. Вработените бараат зголемување на платите, кое е опфатено со новиот колективен договор, ама тие го немаат потпишано. Вработените додаваат дека нивните плати во изминатите 14 години се корегирани за само 5%, а последните четири години немало никави корекции. Токму затоа бараат зголемување на платите за 30%. Претходно вработените во УЈП неколкупати излегуваат на мирен предупредувачки протес, ама никој не ги слушна нивните брања. Од пред Министерството зс финасии порачуваат дека доколку не добијат покачување на платите, протестите ќе бидат помасовни се до исполнување на нивните барања.

Лаура Стојанова М-Нет