Кој правел, а кој враќал долгови – позицијата и опозицијата во Штип со различни ставови

Како енергетската и ковид кризата го погодија Штип. Долговите во ЈП Исар, парите од самопридонесот замрзнати на сметка, инфлацијата во државата, како и зголемените цени на производите и електричната енергија се само дел од проблемите со кои се соочува оваа општина. Во вчерашната емисија Зум анализа, од советничката група на СДСМ и коалицијата посочија дека овој период сме сведоци како се нема пари, додавајќи дека претходниот период во ковид пандемијата бил многу потешок.

„Одеднаш доаѓате вие и вие се соочуваате со криза. Вие не можете да сервисирате ништо, постојано имаме драматични настапи од страна на градоначалникот како постојано за нешто немаме пари, како за нешто ни фали да реализираме. Во претходниот период кога буквално беше блокирано се, имавме забрана за движење, ние сега зборуваме не знаеме како ќе оди инфлацијата“ – вели Рогожарска – Поповска.

Повеќе пари има вратено ВМРО ДПМНЕ за разлика од претходно кога на власт во Штип беше СДСМ, врати координаторот Душко Иванов. Додава дека потребен е референдум за да се искористат парите од самопродонесот за реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа, иако смета дека инфлацијата веќе на големо ги јаде парите кои се замрзнати на сметка.

„Кога сме кај сервисирање на долгови да повторам колку имаме вратено по основ на кредитот, 1.220.000 денари, СДСМ има вратено 480 илјади евра за 8 – 9 години. И сега вие сакате да кажете пред граѓаните дека кога ВМРО ДПМНЕ е на власт не ги сервисира долговите и само кука за некакви кризи“ – врати Иванов.

Анкетите покажале дека штипјани најголема потреба имаат од реконструкција на водоводната мрежа, ама за овој како и за неколку останати капитални проекти се чека одобрение на општинска обврзница, со што Штип ќе се развива по разни основи.

Лаура Стојанова М-Нет