Во Штип се одржа 4. коло на Опен Балкан лигата и 4. издание на меморијалот „Јордан Мијалков“

Успешно се одржа четвртото коло на Опен Балкан и Олимписки надежи, како и четвртото издание на меморијалот „Јордан Мијалков“ во Штип, а во организација на боксерскиот клуб Пинк Пантер.

Годинава учество земаа околу 60-тина боксери, а присутните имаа можност да проследат квалитетни борби. Тренерот Петар Чурлиновски за М Нет телевизија истакна дека организациски помина се во најдобар ред, а притоа тој е задоволен и од постигнатите резултати.

Штипскиот клуб Пинк Пантер настапи со шест боксери, тројца победи, а тројца загубија но сепак прикажаа во одлично издание, а притоа штипските боксери собраа неколку одличија.

Боксерите на Пинк Пантер го сочуваа минималното водство кое го имаат и по одигрување на четвртото коло.

Пинк Пантер ќе цели кон тоа да биде шампион во оваа меѓународно натпреварување односно освојување на пехарот на Олимписки Надежи на Опен Балкан лигата.

Со системска работа, со труд и упорност резултатите доааѓат – тренерот Чурлиновски е задоволен од работата, труод и резултатите на неговите боксери.

Александар Ванев, М-Нет