Успешно се одржа 11. издание на Струмина Треил во Штип со рекорден број на учесници!

Успешно се одржа 11. издание на Струмина Треил – ридска трка во Штип со рекорден број на учесници односно учество на над 270 тркачи.

Ова е трка која одговара речиси за сите планинари, планински тркачи, атлетичари, но и рекреативци. Струмина Треил ја прави да не е класична планинска трка, туку атлетски крос со мала денивелација и должина од околу 18 километри.

На првото место во машка конкуренција заврши Златко Карчески со време од 1 час, 26 минути и 53 секунди, втор беше Ибраим Мамудов со време од еден час, 27 минути и 40 секунди, а пак на третото место заврши Борче Христов.

Во женска конкуренција првото место го освои Вера Урдаревска со време од еден час, 48 минути и 13 секунди, на второто место финишираше Сања Најдовски со време од еден час, 57 минути и 13 секунди, а пак трета беше Марија Пеликон.

Традиционално со Струмина Треил многумина ја завршуваат својата сезона, но многумина токму преку оваа традицонална трка влегуваат во трчањето, а годинава 11. издание заврши успешно со рекорден број на учесници.

Александар Ванев, М-Нет