Во Скопје започна Е П во борење за сениори до 23 години, Серхан Шаќиров со прва победа

Десетмина македонски борачи се пријавени и учествуваат на Европското првенство за Сениори до 23 години почнувајќи од најмалата до 57 кг. па се до најтешката до 125 кг. категорија. Меѓу нив се наоѓа и борачот на Балканец од Штип Серхан Шаќиров кој ќе настапи во категорија до 74 кг. а прв противник ќе му биде Арјан Данај од Албанија. Во текот на вчерашниот ден дури петмина наши борачи имаа настап и за жал сите петмина загубија со технички туш. Денес токму во овој момент свој настап имаше штипјанецот Серхан Шаќиров кој во својата категотија до 74 кг. со технички туш изразен со резултат 15:3 го победи албанецот Арјан Данај. Следен противник на Шаќиров ќе му биде преставник од Романија. Останува желбата и некој од преостанатите 4 македонски борачи да ги израдува своите симпатизери и љубителите на борењето и да постигне победа. Инаку свечениот церемонијал на отварање на Европското првенство ќе се случи денес во спортската сала Јане Сандански во Скопје.

Драги Герасимов – Пушка