
Сите формалности и процедури се запазени и КМФ „Кардшлк“ од Штип од следната натпреварувачка сезона ќе настапува во Втората Футсал лига на Македонија. Главниот менаџер на екипата, некогашниот фудбалер на Брегалница Ведат Адемов не информираше дека се потпишани договори со 18 фудбалери на кои главен тренер ќе им биде Кире Дериволов на кого ќе му помага Јонус Дурмишов. Денес претседателот на клубот Александар Иванов заедно со Ведат Адемов остварија средба со раководството на Агенцијата за млади и спорт, дадено е ветување за достава на помош околу опремата, реквизити и задолжителен ваучер. Огромно е задоволството кај симпатизерите на Кардшлк со продолжувањето на традицијата на овој клуб кој некогаш играше важна улога на разно-разните турнири во мал фудбал кои се организираа ширум Македонија. Уште поголемо е задоволството во кое според информациите од Ведат Адемов, главен спонзор на оваа симпатична екипа ќе биде угледниот бизнисмен и сопственик на ФК Брегалница, Кирил Гогов.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk