Вечерва силен дожд, утре снег на повисоките места, стабилизација од недела

Вечерва силен дожд, утре снег на повисоките места, стабилизација на времето од недела.
Синоптичарот Марија Цветковска Атанасова најавува интензивни врнежи, со повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен во делови од земјата. Ветерот ќе дува умерено до повремено засилен од јужен правец, а температурите ќе се движат меѓу 4 и 16 степени. Во текот на утрешниот ден, врнежите на повисоките места ќе преминат во снег, а на пониските ќе има мешавина од дожд и снег. Нестабилното и влажно време ќе продолжи до сабота.

,,Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец со максимална температура до 16 степени. И утре повторно облачно, повремени врнежи од дожд над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, минималните температури ќе се спуштат од четири до осум, а максималните од 7 до 11 степени. Вакво нестабилно време ќе биде до сабота, кога ќе преовладува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има денес, во текот на ноќта и утре, а во четврток на повисоките места врнежите ќе преминат во снег, а на некој места и од дожд и снег. Од четврток ќе дува северен ветер.“, рече Цветковска Атанасова

По неколкуте денови нестабилно и дождливо време, од недела конечно се очекува смирување на временските прилики. Облаците постепено ќе се разредуваат, врнежите ќе прекинат и ќе следи постабилен и потопол период.

,,Oд недела ќе имаме стабилизирање на временската состојба. Ќе се задржи променливо облачно со повремни врнежи од дожд.“, додава Цветковска Атанасова

Покрај синоптичарите, и лекарите предупредуваат на внимание. При вакви променливи временски услови, потребно е да се зголеми вниманието особено кај повозрасните лица и децата. Да се прима редовна терапија и да се конзумира повеќе чаеви и топли напитоци.

Иван Митев, М-Нет