Венцо од кочаски Чифлик за четири пати го намалил производство на ориз

За четири пати Венчо од кочански Чифлик го намалил производството на ориз. Пред неколку години обработувал 34 хектари земја, денеска едвај осум. Вели под знак прашалник е дали догодина кочанските ниви ќе бидат посеани со ориз или не. Додава дека младите не се занимаваат со одгледување на ориз, бидејќи ситуацијата е тешка, а егзистеницја бараат надовор од границите на државата.

Завшри и жетвата на белото злато во кочанско, но проблемите на оризопроизводителите останаа исти. Преку нов предупредувачки протест и блокада на патниот правец Кочнаи – Штип уште еднаш упатија јасна порака до надлежните дека се наоѓаат во незивесна ситуација за која мора да се најде решение.

“Со последната средба со министерот кажа дека ќе ги исплати субвенциите за да влеземе во завршната фаза на оризопроизводство, но до денес нема ништо. Тоа е уште еден удар по оризопроизводството. Цената на оризот е произвдона 27 денари, ние го даваме под таа цена, бидејќи сме доведени во таква ситуција да мора да го предаваме“ – вели Максимов.

Оризопроизводителите од кочанско поддршка на протестот добија и од останатите земјоделци од државата, кои како што велат ја делат истата судбина.

„Владата и Министерството апсолутно не ставија на игнор, не помоножија нас земјоделците со нула. Но да упатиме една јасна порака до Владата дека ние земјоделците не сме нула, ние сме 400 илајди жители, една четвртина од населението во државата. Со нивните политики дефининитвно ние сме егзсетијално загрозени.“ – кажа Каракашов.

„Состојбата е трагична и доведен е земјоделецот до питачки стап. Тоа е судбината на сите. Аграрот, земјоделието значи производство на храна. Нема ли државата сопствено производство на храна не е независна, не е самостојна, не е самоодржлива.“

По 12 пат во последниот период оризопроиводителите од кочанско преку протест ги побараа своите права. Очекуваат надлежните да го слушнат нивниот глас и да им се реши проблемот кој се провлекува со години.

Лаура Стојанова М-Нет