Ќе се формира општински совет во Штип за поголема превенција на терен

Таканаречениот нов мост во Штип, просторот во централното градско подрачје црни точки на територија на Штип, на кои треба да се превенира во иднина за да се намалат сообрќајните незгоди и бројот на жртви од истите. За таа цел денеска во Општина Штип се одржа седница за превенција на кој главна тема на дискусија беа превенциите со полицијата за побезбеден град.

„Една од темите на којашто се разговараше е состојбата со безбедноста во сообраќајот, дадовме низа на идеи и предлози за решавање и зголемување на безбедноста на одредени критични точки во градот.“ – кажа Јорданов.

Во наредниот период се очекува да почне со работа и општински совет кој ќе се користи за зголемување на безбдноста во градот. Јорданов истакна дека ќе се работи на намалување на девијантите појави во градот, ќе се реагира на големиот број кражби во градот, а ќе се зголеми и бројот на полициски службеници на терен.

„Се поднесе иницијатива за општински совет за безбедност во сообраќајот, кој верувам дека во наредните денови и месеци ќе биде формиран и ќе започне со своетот делување. Се разговараше и за други актуелни состојби, пред сѐ состојбата со честите кражби, со она кое последователно се случува на територија на Општина Штип, за тоа како се преземаат мерки и чекори во однос на ова за да се намалат овие девијантни појави“ – додаде Јорданов.

Од СВР Штип на денешната седница истакнаа дека во моментот се задоволни од безбедноста во градот. Според нивниот извештај намален е бројот на сообраќајни незгоди

со смртни последици. Во последниот период регистрирана е една таква сообраќајна незгода со две починати лица, но надвор од централното градско подрачје, односно на улица Брегалничка.

Лаура Стојанова М-Нет