Вардар новата сезона во Лигата на шампиони ја отвара со гостување кај Мелсунген

Новата сезона во Лигата на шампионите шампионот Вардар ја отвара на 10 септември со гостување кај Мелсунген, меч кој е закажан за 20:45 часот.

Следен предизвик за Вардар ќе биде дуелот со Нант кој се игра во Скопје од 20:45 на 16 септември, а пак на 8 октомври, исто така на домашен терен против Висла Плоцк во истиот термин.

На 15 октомври Вардар ќе гостува кај Висла Плоцк меч кој ќе започне во 18:45, следува дуел со Нант во гости на 21 октомври во 20:45, а групната фаза екипата на Вардар ја затвара против Мелсунген на 28 октомври, а стартот на мечот е закажан за 18:45 часот.

Александар Ванев, М-Нет