Ванчо од Кочани собира и продава аронија – плодови има доволно, исто и пробарувачка

Див костен, аронија и уште многу диви плодови се богатството во пределот на виничкото село Блатец. Ванчо од Кочани овој период секоја година собира зрнца аронија и потоа ја нуди на граѓаните. Вели виничко – кочанскиот регион е надарен со вакви шумски плодови, кои се доста здрави, потребно е само желба да се соберат истите и да се пласираат на пазарот.

„Се наоѓа и див костен, кој се користи во зимскиот период, сѐ уште има диви плодови кои што се многу корисни, кои се дар на мајката природа. Луѓето ги бараат, но за жал нивниот џеб е многу плиток, мал број можат да си дозволат 140 денари аронија да купат или трнинки 70 денари килограм“

Ванчо аронијата ја собира заедно со неговата сопруга, а истовремено и подготвуваат сируп од аронија кој е доста здрав и се користи за разни болести.

„Па со својата сопруга и со пријателите. Сега е периодот. Во изминатите 15 дена во тек е бербата на аронијата, на трнинките и на останатите шумски плодови. Сирупот се подготвува на следниот начин: прво отстојува два три дена да не биде пресна, да се елиминра течноста вода, да остане само сокот, се мели и термички се обработува.“ – додава Ванчо.

Плодовите на аронијата се богати со повеќе видови витамините коишто го оспоруваат стареењето, штитат од негативните ефекти на слободините радикали и на организмот му даваат енергија. За консумација се препорачува плодовите да бидат сушени или обработени за мармалад или домашен џем. Плодовите на аронијата се сместени на списокот на најлековити природни плодови.

Лаура Стојанова М-Нет