По 20 години асфалт ќе добијат и улиците во штипската приградска населба Балканска

По две децении кал, конечно асфалтна подлога ќе добие и уличката во населба Балканска во Штип. Денесека на терен беше механизцијата, односо во тек се градежни активности со кои улицата се тампонираше и подготвуваше за да добие асфалт. Граѓани кои живеат во оваа приградска штипска населба задоволни што конечно некој помислил и на нив, и што по повеќе од 20 години ќе добиат асфалт.

„Еве и овој ден дојде кога и ние сме дел од граѓаните од Штип, населба Балканска, дојде денот кога и нашите улички ќе бидат асфалтирани. Благодарност до Општината и до градоначалникот. Улицата е ваква 20 години се боревме со наши придонеси, тампони, песок, но дојде денот кога ќе се асфалтира.“

Станува збор за улица во должина од 100 метри, која до сега се наоѓаше во лоша состојба.

Откако ќе заврши тампонирањето, од наредната недела ќе се пристапи и кон асфалтирање. Завршувањето на улицата зависи од временски услови.

Лаура Стојанова М-Нет