Потреба од Дом за стари лица во Кочани има, но дали ќе се изгради истиот сѐ уште неизвесно

Дом за стари лица во Кочани е проект кој е замислен, но никако и реазлизран. Во изминатите неколку години се зборува за негова изградба, но до денес истиот не е ниту започнат. На терен ги прашавме кочанчани дали има потреба од ваков дом во градот. Повозрасните граѓани се согласни дека потреба за негова изградба има, но се со песимистички одговор на прашањето дали веруваат дека истиот ќе биде изграден.

“Како не, и те како треба да се направи, и до сега требаше да се направи таква установа да имаше даке да се згрижат луѓето, има беспомошни лица нема кој да и помогне околу оддрѓување на хигиена, храна, младите не се овде“

Изградбата на дом за стари лица во Кочани е тема која во изминатите неколку дена на нозе ги крена и политичките партии. Првичното предвидено да се изгради Дом за страи лица од регионален карактер со 148 легла, се намали на само 50 легла, што не беше прифатливо за голем број кочанчани. Од ОК на ВМРОД ДПМНЕ Кочани истакнаа дека техничка документација имало подготвено и за тоа од страна на општината се потрошени над 350 илјади денари, а сега од Министерството за труд и социјална политика барале нова документација која повторно ќе чини нови финансиски средства.

Првиот човек на Кочани, Љупо Папазов истакна дека тие аплицирале за изградба на домот, но од министерството вратиле дека средства за реализиција на истиот нема.

„Согласно вашето последно известување во кое укажувате на важноста и трајноста на овој објект, а истовремено сте согласни со моменталната тешка финасиска состојба во државата, но инсистирате на потребата од реализација на објект со предвидениот капацитет согласно изработената документација, Министерството ве известува дека изградбата беше влезена во Програмата за изградба, средства беа предвидени и реалиизрани, но во овој момент не можат да се искористат“ – стои во одговорот кој општина Кочани го добила од министерството.

Лаура Стојанова М-Нет