„Брегалница ќе биде позитивно изненадување во Прва лига“

Денес во просториите на ФК Брегалница се одржа прес-конференција на која се зборуваше за сите актуелни теми поврзани со штипскиот прволигаш пред вечерашниот меч од 2. коло на ПМФЛ против Арсими од 19 часот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов посочи неколку важни работи за „сините“.

Тренерот Кузманов зборуваше околу ростерот и околу екипата. Во тимот владее позитивна атмосферата, се работи и тренира активно, се крои тимот за нови победи и успешни резултати.

Брегалница вечерва ќе ја бара првата победа како повратник во елитата.