
Штипска Брегалница и официјално есенската полусезона во Втората лига ја заврши на третата позиција со 33 бодови.
Тимот кој го води искусниот стратег Влатко Костов зад себе има десет победи, три ремија и два порази, па со ќе презими на третото место со три бодови помалку од есенскиот шампион Охрид кој има 36 бодови, а два помалку од Шкендија Арачиново која е втора со 35 бодови.
Брегалница есенскиот дел го заврши со триумф од 0:4 над Победа во Прилеп, а пролетниот дел го отвара исто така во гости кај Кожуф во Гевгелија.
Александар Ванев, М-Нет