Во вкупно осум европски држави, студентите на УГД Штип ќе можат да патуваат преку Еразмус размена

Во осум европски држави, студентите на УГД Штип ќе можат да патуваат преку Еразмус размена. Универзитетот е прогласен за ЕСИ шампион за 2025–2027, престижен статус што носи рекорден број нови места за мобилност. Ректорот Дејан Мираковски вели дека процедурите се поедноставени, побрзи и целосно транспарентни. Партнерските универзитети нудат врвни програми во медицина, техника, економија и уште неколку области – од Полска и Шпанија до Германија и Португалија. Мираковски ги повикува студентите максимално да ја искористат оваа историска можност.

,,Универзитетите од нашата алијанса се дизајнирани, така избрани за да иамме за сите факултетски групи на пример од медицина во универзитетите во Полска и Шпанија, до техника економија и слично во Германија, Португалија. Имаме за сите место, а изборот на универзитети е огромен и се надевам дека ќе го искористат студентите тоа. Нашиот универзитет е прогласен за еден од SC (ЕС ЦИ) шампионите 2025 – 2027 година што ни овозможи да го зголемиме бројот на студенти кои што патуваат во релативно едноставна и траспарентна процедура“, рече Мираковски

Како што посочи Мираковски, студентите треба најпрво он лајн да ги проверат своите знаења, со цел да си овозможат да одат во речиси сите земји.

,,Тие дури полагаат и англиски и имаме дирекно он лајн за да ги проверат нивните знаења, комуницираат исклучливо преку дигиталните системи за комуникацја, верувам дека тоа им овозможи да одат во речиси сите земји. Нашата алијанса има универзитети во 9 држави за сите 8 држави клучително и ние во Европа во кои што нашите студенти можат да учествуваат во активностите, а имаме и дополнително над 400 договори со институции. Ги повикувам студентите активно да учествуваат во ваквите програми, со цел да ги видат позициите каде и нашата држава, а јас сум задоволен и од тоа како нашите студенти се отцените во другите универзитети.

Според информациите на ректорот Мираковски, Еразмус програмата минатата година поминала најуспешно досега, бидејќи како што посочи биле реализирани над 100 тина мобилности, што како што рече очекува и оваа година да има доволен број пријави.

Иван Митев, М-Нет