Охрид есенски шампион во Втора лига, Тетекс пресилен за Големо Коњари

Екипата на Охрид е есенски шампион во Втора лига откако со 0:2 славеше над Слога во Виница и со тоа ќе презими на врвот од табелата.

Стрелци на погодоците беа Албнор Каба во првиот дел и Андреј Ристовски во вториот дел.

Големо Коњари со висок пораз ја заврши есенската полусезона и ќе биде на дното од табелата откако дома загуби од Тетекс со 2:6.

Дополнителен проблем за домаќинот беше исклучувањето на Сркески, па тимот играше со играч помалку на теренот.

Јамини беше двоен стрелец за Тетекс, откако вториот гол го постигна од белата точка, а во првиот дел погоди и Мисајловски. Во вториот дел за Тетекс стрелаа Нурединовски, Зеќири и Елмази.

За домашниот тим првиот гол беше дело на Зоран Даноски, а вториот гол во финишот на првиот дел го постигна Каришик.

Александар Ванев, М-Нет