Борец во Радовиш ќе бара бодови за бараж за опстанок, дерби од долниот дел на табелата на Новаци и Победа, „лавовите“ гостуваат во Гевгелија

Во сабота ќе бидат одиграни натпреварите од 24. коло на Втората фудбалска лига, а во рамки ќе гледаме дерби од долниот дел на табелата на Новаци и Победа, дерби кое е клучни и за едните и за другите во битката за потврда на опстанокот во Втората лига.

Новаци сака триумф и со тоа веќе да го потврди опстанокот, а во таква ситуација е и Победа, пораз не му оди во прилог и на едните и на другите.

Борец во Радовиш ќе бара триумф и три бодови ако сака да ја продолжи борбата за баражот и преку истиот да бара опстанок. Детонит Плачковица заборави да победи бидејќи има пораз и четири последовалните ремија на последните пет меча и со тоа радовишани сакаат веќе конечно враќање на победите.

Арсими ќе има незгодно гостување во Автокоманда каде ќе се соочи со Скопје. Тимот од Чегране е во најдобра форма со пет победи во низа и со таква победничка форма ќе оди кај „пиратите“ каде ќе бара нова победа и продолжува на битката за директен влез во Прва лига.

„Фенерџијата“ Вардарски на домашен терен ќе го пречека тимот на Охрид, каде гостинот ќе биде голем фаворит за трите бодови против домаќинот кој ќе мора да обезбеди три бодови ако сака да остане со надеж за бараж, бидејќи со нов пораз и од коло во коло Вардарски ќе биде се поблиску до официјално испаѓање во Трета лига – Исток.

Каменица Саса влезе во голема резултатска криза, само еден освоен бод од можни 15 или само едно реми и четири порази на последните пет меча.„Рударите“ на домашен терен против Башкими ќе бараат излез од резултатската криза, а гостинот од Куманово веќе нема право на грешка откако забележа две последователни ремија, а веќе Арсими се доближи на два бода.

Осогово на домашен терен ќе се соочи со Беласица која влезе во победничка форма со четири победи во низа, каде „жетварите“ ќе мораат да извлечат позитивен резултат односно триумф за да го потврдат баражот за опстанок, но така и да ја продолжат битката за директен опстанок. Од друга страна Беласица сака петта победа во низа и со тоа да го напаѓаат петото место на табелата. Овој натпревар ќе можете да го следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт.

Вардар Неготино е осоколен после триумфот над Победа и на домашен терен ја пречекува Брегалница во обид за изненадување и собирање на бодови. Штипјани не смеат да погрешат на „Цвај арената“ бидејќи ќе бидат се подалеку од можноста за директен влез во ПМФЛ, а бодовите им се повеќе од потребни. Овој меч ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.

Лидерот Македонија ЃП гостува во Гевгелија каде како фаворит ќе се соочи со домаќинот Кожуф. „Лавовите“ веќе имаат два бода повеќе од второпласираниот Башкими, па во Гевгелија одат по нова победа и продолжува на победничката формата на патот кон шампионската титула и враќање во елитата. Тимот од Гевгелија влегува во резултатска криза, па против тимот од Ѓорче ќе бара откинување на бодови.

Сите натпреварите од оваа коло ќе започнат во 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет