Бранителот Форца против Осогово во големото финале на футсал Купот на Македонија – Форца сака двојна круна, Осогово историска Куп титула!

Во големото финале од футсал Купот на Македонија ќе се соочат бранителот Форца и екипата на Осогово од Крива Паланка кој за првпат се најде во големото финале и сака да испише историја и со прва Куп титула.

Форца во полуфиналето со 2:7 лесно го совлада второлигашот Балкан и така бранителот обезбеди финале, додека пак Осогово во полуфиналето во далеку понеизвесен меч со 2:3 го доби Јувентус Серава во фнишот од мечот и така патува во историското финале од футсал Купот на Македонија.

Дополнително ќе биде познато каде и кога ќе се одигра големото финале.

Форца веќе ја одбрани на неколку кола титулата во Првата футсал лига, а сега сака одбрана и на Куп титулата и на тој начин да ја обедени двојната круна како и минатата сезона.

Александар Ванев, М-Нет