Турските серии и понатаму најактуелни во Македонија, се гледаат и во останатите држави

Турските серии и понатаму најактуелни во Македонија. Ако некогаш шпанските беа број еден, сега турските најдоминантни. Пред малите екрани граѓаните се речиси цела вечер, па како што истакнуваат за М-Нет телевизија, избор има голем, а нивно останува да ги пронајдат најдобрите.

Доколку турските некогаш се заменат со македонски, граѓаните децидни дека ќе биде подобро. Велат освен македонски приканзни, друго ново не забележале.


Инаку, турските серии веќе повеќе од една деценија се актуелни во програмите низ повеќе држави. Не само Македонија е државата каде тие се гледаат. И Бугарија, Србија и Босна активно ги гледаат.

https://www.youtube.com/watch?v=OL3SYxdu7fc

Иван Митев, М-Нет