
Денес во Третата македонска фудбалска лига – Север беше одиграно вонредното 5. коло. Досегашниот лидер Куманово загуби на гостувањето кај некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ и се спушти на второто место на табелата.
Домаќинот на полувреме со голот на Павловски имаше предност од 1:0. Во вториот дел продолжи неизвесноста која во 71. минута беше решена со вториот гол на Јаневски за помирна завршница за домаќинот. Во финишот Јовановски ги постави конечните 2:1.
Башкими Љуботен на домашен терен доживеа висок пораз од Фортуна од 0:4 со што сега екипата на Фортуна изби на врвот од табелата со бод повеќе од Куманово кој сега е втор. Еркан Шаип постигна хет-трик, а еден гол постигна Бејтула Авдулаи.
Ланскиот второлигаш Пехчево на домашен терен беше поразен со сигурни 1:3 од екипата на Кадино. За домашниот тим единствен стрелец беше Јакуповски, а пак за гостите двоен стрелец беше Благојевски, а пак Спасевски беше стрелец на еден гол.
Петровец на домашен терен беше поразен од Беса Влазрими со резултат од 0:2. Стрелци на погодоците за гостинот беа Бајрами и Фетаи.
„Фенерџијата“ ССК Нова никако да победи во новата сезона, а во дербито од долниот дел на табелата Аеродром со 2:0 славеше над ССК Нова со погодоците на Каланоски и Алексоски кои беа постигнати во првиот дел.
Шкендија Арачиново на домашен терен со убедливи 5:3 славеше голема победа над Риниа. Елмир Алији беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Јасир Беќири, Илир Сула и Аљбан Ферати. За гостите стрелци беа Хајрули, Мифтар и Арифи.
Овој натпревар започна со едноминутно молчење во чест на тренерот на Шкендија Арачиново, Мерван Илјази, кој денес ја загуби животната битка.
БВК Коњаре со убедливи 10:2 го декласираше новајлијата Бутел на домашен терен. Исљам беше стрелец на четири гола, по два гола постигнаа Абдурахим и Демири, а по еден гол за домашниот тим постигнаа Бакиевски и Тасески.
За гостите стрелци на двата погодоци постигнати во првиот дел беа Стоилевски и Божиновски.