Катната гаража кај зграда Промаја веќе се користи за паркирање, достапни се 40 паркинг позиции

Завршија активностите поврзани со катната гаража до здрада промаја, која веќe се користи за паркирање. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов потсети дека во минатото оваа локација била неуредена површија, а денес е површина со четериесет паркинг позиции на три нивоа. Јорданов верува дека со изградбата на катната гаража ќе се подобри состојбата со простор за паркирање.

,,Активностите поврзани со катната гаража веднаш до зграда промаја се завршени. Овој објект веќе се користи за паркирање. Очекувам во текот на наредната седница на Совет да се стави во програмата за паркирање и паркинг-просторот кој е во рамките на самата катна гаража согласно регулативата и цените на јавното претпријатие ,,Стипион“, паркирањето да биде дефинирано по цена согласно нивниот правилник за работа. Тоа кое што сакам да го споделам со јавноста е дека оваа локација во минатото беше една неуредена површина која успеавме рационално да ја искористиме и да овозможиме повеќе од четериесет паркинг позиции на три нивоа. За овој дел од градот се многу битни и многу важни, затоа што конфигурацијата на градот Штип во овој дел на градот не дозволуваше претходно можност за паркирање, а веќе со изградбата на оваа катна гаража на три нивоа верувам дека значително ќе се подобри состојбата со простор и површини за паркирање. Повеќе од 20 милиони денари се одвоени од буџетот на Општина Штип за изградба на оваа катна гаража на три нивоа. “, соопшти Јорданов

Градоначалникот Јорданов е дециден дека и во наредниот период ќе продолжат со овозможувањето нови паркинг места во Општина Штип. Тој додаде дека приоритет е преку ЈП „Стипион“ да се регулира паркирањето, со што ќе се намали сообраќајниот метеж со тоа што граѓаните повеже ќе го користат јавниот превоз.

,,Вака ќе продолжиме и во наредниот период. Сите локации кои се неискористени, кои цените дека можат да бидат уредени соодветно за да овозможат повеќе паркинг места ќе бидат истретирани. Веќе се изработува уште еден проект за катна гаража на неколку нивоа позади административната зграда на Општина Штип, исто така се размислува до трговскиот центар површината да биде уредена со еден ваков тип на паркирање и на тој начин во централното градско подрачје да се обезбедат дополнителни паркинг површини и можност за паркирање.

И во останатите делови на градот, само во централното градско подрачје, тенденцијата е од година во година да ги зголемуваме паркинг местата, но она коешто наш приоритет исто така преку ЈП ,,Стипиоон”, да се регулира паркирањето, затоа што на тој начин се намалува сообраќајниот метеж и да ги мотивираме граѓаните да ги користат јавниот превоз кој е во функција намалување на сообраќајниот метеж и овозможување на секој еден наш сограѓанин да стигне до одредената цел преку користење на јавниот превоз“, вели Јорданов

Инаку, за оваа катна гаража одвоени се повеќе од 20 милиони денари од буџетот на Општина Штип.

Ева Тушевска, М-Нет