
Бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот поевтинува за 2 денар, нови цените на огриватаод полноќ.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за
2,86% во однос на одлуката од 7.9.2026 година
Од 15.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
„Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 109,50 (денари/литар)“, велат од РКЕ
Мазут М-1 НС 48,243 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 4,50 ден/лит.
Иван Митев, М-Нет