Реализирана прва крводарителска акција на иницијатива на ФК Брегалница

Реализирана првата хуманитарна крводарителска акција на иницијатива на ФК Брегалница Штип. Во просториите на фудбалскиот клуб крв даруваа фудбалерите, навивачите и управата. Тенденција е оваа акција да прерасне во традиција која ќе се организира се почетсто. Стаменковски ја отвори крводарителската акција и прв даруваше крв за да спаси човечки живот.

„Со денешната хуманитарна крводарителска акција на ФК Брегалница означуваме еден почеток и практика која во иднина ќе биде честа. Во секоја можност кога нашите фудбалери и управата ќе бидат во можност да даруваат крв ќе биде организирана крводарителска акција од ваков тип.“ – вели Стаменковски.

Акцијата е во соработка со центарот за Трансфузиона медицина Штип. Истата е за поздравување посочи денеска доктор Мери Шорова. Апелираше ваквите акции да бидат почести со цел да се соберат крвни единици и да се спаси човечки живот.

„За првпат денес во просториите на клубот Брегалница се одржува крводарителска акција. Иницијативата е на Горан Стаменковски и навистина е за поздравување. Текот на акцијата досега е одличен, имаме доста крводарители“ – вели Шорова.

Ова е прва акција огранизирана од страна на прволигашот Брегалница. Во текот на летниот период се спроведоа низа вонредни крводарителски акции.

Лаура Стојанова М-Нет