Башкими со Силекс, Детонит Плачковица со Беласица во осминафиналето на Купот

Во „Куќа на фудбалот“ денеска беа извлечени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија, кое ќе се игра во еден натпревар на 24 септември и 29 октомври 2025 година.

Актуелниот бранител на трофејот, екипата на Вардар, за противник го доби амбициозниот второлигаш Новаци. Ланскиот финалист Струга Трим Лум ќе гостува кај Македонија Ѓ.П., додека тетовска Шкендија ќе има тежок дуел против Тиквеш.

Посебно внимание привлекува локалното струмичко дерби помеѓу Беласица и Детонит Плачковица, кое ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Целосниот паровник изгледа вака:

  • Македонија Ѓ.П. – Струга Трим Лум
  • Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
  • Вардар – Новаци
  • Башкими 1947 – Силекс
  • Шкендија (Тетово) – Тиквеш
  • Работнички – Брегалница 2008
  • Шкендија 77 – Пелистер
  • Беласица – Детонит Плачковица

Љубителите на фудбалот очекуваат возбудливи натпревари и нови изненадувања во најмасовното натпреварување во македонскиот фудбал.

Александар Ванев, М-Нет