
Редици штипјани вчеравечер запалија свеќа на градскиот плоштад во Штип во тивка почит за петмината млади што трагично го загубија животот во дискотетката Пулс во Кочани, пред точно шест месеци. Со наведнати глави, во тишина и солзи во очите, присутните се сеќаваа на трагичната ноќ, која засекогаш го промени Штип. Меѓу нив роднини, пријатели, соученици, колеги и граѓани кои немаа лична поврзаност, но чувствуваат дека загубата е на целит град. И додека свеќите гореа и небото над Штип светна од стотици светла од телефони, како симбол на животите што згаснаа прерано. Имињата на Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски
остануваат во срцата на нивните семејтсва, пријатели и сограѓаните.Вчеравечер, покрај во Штип, ѕвездено небо и запалени свеќи имаше и во Кочани и во Скопје. Со длабока болка и солидарност, граѓаните и таму оддадоа почит на сите 62 жртви од трагедијата во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и петтемина млади од Штип. И понатаму родителите на починатите бараат правда за своите деца.
Иван Митев, М-Нет