Баламов за три бода на Вардарски во Берово, Тиверија до три бода, реми на Карбинци и Рудар

Денес беа одиграни натпреварите од 11. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток, каде најмногу голови имаше во Струмица, а голема победа запиша лидерот Вардарски во Берово.

Како што кажавме Вардарски во Берово со 1:2 го доби Малеш, а херој на мечот за гостите од Богданци е Баламов Илија кој во вториот дел постигна два гола за пресврт и победа, откако во финишот на првиот дел погоди Дарко Пешовски за водство на домашниот тим.

Дојранско Езеро на домашен терен го забележа првиот пролетен триумф, откако со 2:1 славеше над Ударник. Мариновиќ во 13. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Тодоров погоди за 1:1. Домашниот тим преку Петар Илиев во 72. минута стигна до конечните 2:1.

Тиверија слави голема победа над Овче Поле од 4:2 на домашен терен. Миле Ѓеоргиев во 26. минута погоди за 1:0 од белата точка, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел гостинот направи пресврт откако Берти Стојанвоски со два гола во 53. и 60. минута обезбеди 1:2 за Овче Поле.

Потоа Новков и Јанков го вратија водството на Тиверија на 3:2, а Никола Трајков во финишот погоди за конечните 4:2.

Во дербито од дното на табелата меѓу Карбинци и Рудар конечните исход беше поделба на бодовите и конечни 2:2. Гостинот од Пробиштип со голот на Марио Атанасовски во 29. минута прв дојде до водство од 0:1, а Давид Тренчев во 40. минута погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Филип Андонов погоди за пресврт и водство на домаќинот од 2:1. Во 65. минута со втор гол на Атанасовски гостинот обезбеди бод откако конечниот исход беше 2:2.

Во оваа колото слободна беше екипата на Слога од Виница.

Во однос на табелата лидер е Вардарски со 24 бодови, Овче Поле е втор со 20 бодви, Дојранско Езеро е трет со 17 бодови, а пак на 4. место е Слога со 14 бода и меч помалку. Тиверија е петта со 13 бодови, Ударник е шести со девет бодови, Карбинци е седми со осум бодови колку што има и Малеш кој е претпоследен, а на дното е Рудар со шест бода.

Александар Ванев, М-Нет