
Денес се одиграа натпреварите од 21. коло од Втората лига, гледачите на телевизија М Нет имаа можност да го проследат сочувањето меѓу Каменица Саса и Башкими на Градскиот стадион во Македонска Каменица каде “рударите” со минимални 1:0 го добија овој важен дуел за опстанок со голот на Махир Ајрули во вториот дел.
Во отвореното студио на М Нет гостинка беше Драгана Костова, фудбалерка на ЖФК Каменица Саса, репрезентативка и прва жена тренер на машка екипа во Македонија, односно на Росоман кога настапуваше во Втора лига – Исток.
Саса одигра одличен натпревар каде имаше и шанси и за втор гол.
На М Нет Спорт можевте да го следите мечот меѓу Детонит Плачковица и Тетекс каде на Градскиот стадион во Радовиш домашниот тим со 2:0 триумфираше.
Оливер Христов во Радовиш погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Амир Фејзуловски погоди за 2:0. Градскиот стадион во Радовиш останува “неосвоена тврдина” никој гол не дал, никој бод не освоил.
Сосема очекувана победа забележа Пелистер над Караорман во Струга со резултат од 1:4. За битолчани двоен стрелец беше Талевски, а по еден гол дадоа Костов и Љамчевски. За домашниот тим Арбер Жаку беше единствен стрелец.
Лидерот Беса триумфираше над Кожуф во Гевгелија со резултат од 0:2 со головите на Таипи и Алексовски.
Во Струмица се соочија Беласица и Осогово во дуел на кој конечниот исход беше 1:1. Трајчевски погоди за 0:1 на полувреме, а во финишот на мечот Гугуљанов погоди за 1:1 со што “жетварите” остана само со бод.
На “Железарница” во Автомоманда се соочија Скопје и Охрид каде “пиратите” беа убедливи со 3:0. Сите три гола паднаа во вториот гол, а стрелци беа Кировски, Попоски и Ристовски.
Вардар Неготино и Арсими ги поделија бодовите откако одиграа реми без голови (0:0).
Новаци и Победа си ги поделија бодовите играјќи 2:2, на меч каде четири гола паднаа во вториот дел.
Дебрешлиоски погоди за 0:1, а Торнески за 1:1. Победа одново дојде до водство со голот на Адили во 75. минута, а Трифуновски во 84. минута ги постави конечните 2:2.
Александар Ванев, М-Нет