„Нула“ дербито меѓу БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ, Шкендија до три бода, Риниа и Фортуна убедливи

Денес беше комплетирано 16. коло од Трета лига – Север, откако истото беше отворено вчера со дуелот меѓу лидерот Куманово и Аеродром кој заврши со триумф за домаќинот од сигурни 3:1, а за што телевизија М Нет објави детален извештаи.

Денес дербито меѓу БВК Коњаре и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ заврши без победник и без погодоци (0:0). Ова е голем бод за домашниот тим кој од 5. минута играше со играч помалку на теренот, откако Ардиан Сулејмани доби директен црвен картон.

Фортуна на домашен терен со 5:2 убедливо го доби некогашниот второлгаш Кадино. За домашниот тим двоен стрелец беше Авдулаи, а по еден гол постигнаа Сефо, Ибрахими и Дема, за гостинот по еден гол постигнаа Митровски и Благојевски.

Беса Влазрими со голот во 13. минута на Ајдини дојде до три бода во дуелот со Башкими Љуботен. Убедлива победа од 0:6 забелеша ланскиот второлигаш Локомотива Пехчево над „фенерџијата“ ССК Нова. Хет-трик постигна Јакупвоски, а по еден гол постигнаа Голубов, Јашари и Сич.

Риниа со 4:1 дома го доби убедливо Петровец во меч каде Исен Елмази беше двоен стрелец за домашнито тим, а Имери беше стрелец на првиот гол за домашниот тим, додека пак Зимбаков си постигна автогол. За гостинот Јетон Дарлишта беше единствен стрелец.

Шкендија Арачиново дури во вториот дел го скрши отпорот на домаќинот Бутел за победа од 0:2. Исмаил Абдуловски во 67. минута постигна гол за 0:1, откако претходно Бутел играше со играч помалку кога во 11. минута Мартин Илиевски заработи директен црвен картон. Во 72. минута Елмир Алији погоди за 0:2, а во 79. минута Шкендија остана без играч на теренот, откако Муаз Саљихи заработи директен црвен картон.

Во одно на табелата лидер е Куманово со 43 бодови, Шкендија е втора со 39 бодови, трет е Еуромилк ГЛ со 36 бодови, а пак Фортуна е четврта со 35 бодови. На 5. место е БВК Коњаре со 30 бодови, Беса Влазрими ена 6. место со 26 бодови колку што има и Кадино кој е седми. Локомотива Пехчево е осма со 20 бодови, Риниа е деветта со 19 бодови, Башкими Љуботен е 10-ти со 18 бодови.

Аеродром е на 11-тото место со 11 бодови, Бутел е 12-ти со осум бодови, Петровец е претпоследен со шест бодови, а пак ССК Нова е на дното без бодови.

Александар Ванев, М-Нет