
Археолози, пчелари, екологисти се приклучија кон протестите на граѓаните за стопирање на проектот за изградба на мини хидроцентрала на Мала река. Со реализација на овој проект се уништува животната средина како и патот кој води до браната Градче. Дополнително негативно влијание има и пчелите.
„Ние го поддршуваме овој протест, оти се уништува водотекот и треба да се прекине со овие градежни активности“ -додава Атанасов.
Присутните на протестот повикаа на масовност во среда кога впрочем повторно ќе го блокираат патот кон браната Градче, кај местото викано Бавчалук. Колку помасовно толку поголеми се шансите да се стопира изградбата на минихидроцентралата децидени се граѓаните.
„Сакам воедно да упатам еден апел до граѓаните на градот Кочани да ги поддржите овоие протести во се помасовен број бидејќи сериозно е загрозен и патот и рпиродата во овој крај. Свесни сме дека патот е изграден на едно свлечиште и лесно можеме да го изгубиме“ – вели Ристов.
„Се собравме на протест, ќе се собереме и во среда. Дојдете во поголем број, протестираме за Градче, за патот до Градче, за нашата планина“
Во меѓувреме Државниот инспекторат за животна средина издаде решение за привремен прекин на градежните работи на минихидроцентралата на Мала Река кај Кочани, откако по извршениот инспекциски надзор биле утврдени неправилности.
Од инвеститорот на хидроенергетскиот објект се бара да преземе соодветни заштитни мерки за речното корито и околниот терен, по што надлежниот инспектор ќе направи нова контрола на состојбата. Инвеститорот на минихидроцентралата е задолжен да го отстрани и насипаниот материјал на вливот на Мала Река во акумумлацијата Гратче, над и под локалниот пат што поминува во непосредна близина, затоа што не добил водостопанска согласност за парцелата на која се извршени овие градежни работи. Отстранувањето на констатираните неправилности треба да се направи во рок од 60 дена од изрекувањето на мерката, по што ќе се изврши контролен инспекциски надзор.
Лаура Стојанова М-Нет