
Утре на Градскиот стадион во Радовиш се игра големото дерби за Прва лига меѓу екипите на Детонит Плачковица и Пелистер. Дерби на двајцата штипски стратези Иван Варадиновски против Влатко Костов, Детонит Плачковица против Пелистер, кој ќе биде подобар на Градскиот стадион во Радовиш кој важи за „неосвоена тврдина“?
Во коментар напишете ја вашата прогноза за утрешниот натпревар меѓу Детонит Плачковица и Пелистер, натпревар кој ќе може да го следите во ЖИВО на телевизија М Нет, а директниот пренос од Радовиш ќе започне со отворено студио каде ќе гостува тренерот Емил Грнев 15 минути пред 14 часот.