ФК Детонит Плачковица: Ја разгледуваме можноста за покренување на кривична постапка против судиската тројка за злоупотреба на службена должност

фото: ТВ М Нет

Вечерва екипата на Детонит Плачковица излезе со нова соопштение во кое приложи и видео со спорни моменти од судењето од натпреварот од 18. коло против Арсими одигран во Голема Речица.

Од клубот потенцираа дека поднесуваат жалба до надлежните тела во ФФМ со комплетна фото и видео документација за девет спорни моменти, покрај тоа нагласено е дека правниот тим на ФК Детонит Плачковица ја разгледува можност за покренување на кривична постапка против судиската тројка за злоупотреба на службена должност.

  • ЦЕЛОСНО СООПШТЕНИЕ НА ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА:

„ПРЕД ВИСТИНАТА МОЛЧАТ И БОГОВИТЕ! Драги Пријатели, во ова видео се ставени сите спорни моменти од судењето на 02.03 – Сабота во Голема Речица. Девет моменти за кои денес со комплетна фото и видео документација поднесовме жалба до надлежните тела во ФФМ и очекуваме сериозно разгледување и поведување соодветни постапки. Покрај тоа, правниот тим на ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА, ја разгледува можноста за покренување на кривична постапка против судиската тројка за злоупотреба на службена должност. Едноставно нашата цел е да престанат овие неправди и фудбалот во Македонија да биде на вистинско – натпреварувачко ниво. Сите го посакуваме тоа!“, се вели во соопштението од управниот одбор на ФК Детонит Плачковица.

  • ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ И ВИДЕОТО НА ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ПРЕКУ КОЕ СЕ ПОВИКУВААТ НА ДЕВЕТ СПОРНИ МОМЕНТИ:

Александар Ванев, М-Нет