Адемов: Приоритет е да се реши проблемот со лицата кои живеат во Старото нервно одделение во Штип

Да се реши проблемот на лицата Роми, кои моментално живеат во Старото нервно одделение е приоритет на надлежните со цел олесни и нивниот начин на живеење. Во оваа тековна 2024 година се почекува реализирање на прокетот за изградба на 41 типска куќа, со што лицата сместени во Старото нервно одделение ќе добијат соодветни услови за живот и сигурен кров над глава.

„Еден од најголемите проблеми со кои работиме веќе со децении тоа е проблемот со нашите граѓани кои се бездомници и верувам дека оваа година ова прашање ќе можеме да го решиме. Со проектот кој го имаме заедно со нашата општина, Општина Берово и Зелен институт за сите лица кои живеат во старото нервно одделение оваа година да успееме да го реализираме овој проект со цел да се изградат 41 типска куќа за овие семејства и трајно да се реши овој проблем.“ – вели Адемов.

Освен решавање на станбеното прашање, се работи на урбанизирање на Ромските населби, нова водоводна и канализациона мрежа, како и дополнително образование на овие лица со цел да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

„Она што е важно е дека со овој проект ќе придонесеме кон урбанизирање на Ромските населби, тоа е со носењето на Детални урбанистички планови. Исто така се работи на инфраструктурата и ќе се воведе водоводна и канализациона мрежа. За овие луѓе е предвидено да се спорведе легализацијата за сите кои имаат поднесено барање и за овие лица од Старото нервно одделение помина доквалификација и преквалификација за да можат полесно да се вклучат на пазарот на трудот“ – додава Адемов.

Овој проект треба да заврши до крајот на оваа година бидејќи во меѓувреме овде треба да започне со реализација еден од најголемите капитални проекти во Штип, односно изградба на булеварот Партизанска.

Лаура Стојанова М-Нет