
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со десет гола разлика убедливо го доби вицешампионот Алкалоид со резултат од 25:35. Во Автокоманда најдобар стрелец беше Нејц Цехте со 12 погодоци кај победничката екипа, а кај домашниот тим Дамјан Митев беше најдобар со шест гола.
Дерби за излез во Европа се одигра во Кавадарци меѓу екипите на Тиквеш и Охрид во меч каде „гладијаторите“ со 22:25 славеа важна победа. Цирар го водеше Охрид до победа со седум гола, а кај Тиквеш најдобар со шест погодоци беше Мијатовиќ.
Струга го загуби дуелот од дното на табелата од екипата на Пролет со 22:24, а пак Вардар на домашен терен убедливо го декласираше Бутел со 30:22.
Еурофарм Пелистер е лидер на табелата со 23 бодови, Вардар е втор со 18 бодови, а веќе утре се игра и дербито меѓу овие две екипи во трката за титулата. На 3. место е Охрид со 17 бодови, Алкалоид е на 4. место со 15 бодови, Тиквеш е на 5. место со 13 бодови, Пролет е шести со 6 бодови, Бутел е седми со четири бодови, а Струга е последна без бодови.
Што се однесува до плеј-аутот наместо дерби во Битола лесна и убедлива победа за Еурофарм Пелистер 2 кој со 31:22 го декласираше Прилеп. Скопје убедливи загуби на домашен терен од Голден Арт со 23:38, Куманово го доби дуелот со Мулти Есенс со тесни 29:28, а пак Вардар Неготино доби службени три бода од мечот со Аеродром.
Во однос на табелата Еурофарм Пелистер 2 со 18 бодови е на врвот од табелата, Прилеп е втор исто така со 18 бодови. На третото место односно во бараж зоната за опстанок е Куманово со 17 бодови, Вардар Неготино е на 4. место со 15 бодови, Мулти Есенс е петти со 13 бодови, Годлен Арт е шести со девет бодови, Скопје е претпоследен со само три бодови, а еден бод има отпишаниот Аеродром.
Александар Ванев, М-Нет