
Од 11 до 14. април годинава ќе се одржи Европски Куп во кик бокс во Сараево, Босна и Херцеговина, а на истиот учество ќе земе и штипскиот кик-бокс клуб Гладијатор Фајт.
Подготовките за штипските натперварувачи поминаа во најдобар ред, а клубот ќе настапи во дисциплината кик-лајт со Антонија Тасева во категорија до 50 килограми и Јован Јанковски до 42 килограми.
На Европскиот Куп во Сараево ќе учествуваат 1000 натпреварувачи, кој ќе се борат за титулата најдобар во Европа. Овој настан е вклучен во официјалниот календар на Светската кик бокс асцијација.
Александар Ванев, М-Нет