Tимот на Детонит од Радовиш го доби шампионскиот третолигашки пехар и е нов второлигаш на истокот

Првенството во Третата фудбалска лига на Македонија група Исток е прекинато и за нов шампион е прогласена екипата на Детонит од Радовиш. И официјално шампионскиот пехар е предаден на радовишкиот тим кој веќе ги краси витрините на овој клуб кој ќе ги продолжи второлигашките збиднувања по испаѓањето на Плачковица. Тимот уште пред стартот најавуваше висок пласман, беа регистрирани млади и афирмирани играчи кои убедливо беа најдобри на истокот и сосема заслужено ќе се натпреваруваат во повисокото друштво. Поради пандемијата и обавезните тестирања за кои клубовите немаа доволно финансиски средства се дојде до оваа ситуација во која однапред се знаеше за вредностите и амбициiте на Детонит кои на крајот се исплатија. Успехот во оваа 2020/2021 сезона ќе биде поттик плус за менаџерскиот тим на Детонит околу второлигашките амбиции на клубот кое нешто ќе значи доведување на нови и звучни фудбалски имиња за достојно презентирање на радовишкиот фудбал и рамноправно и квалитетно конкурирање на фудбалски план со останатите второлигашки екипи.Инаку за успехот на тимот на Детонит покрај останатите играчи заслуга имаат и малата колонија na штипски фудбалери и тоа : Петар Левков, Емил Рунчевски, Дени Андонов и младиот Дарко Јорданов.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk