
Со измени на најмалку пет закони ќе се постави функционално системско решение во државата. Миминистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вели дека во овие пет спаѓаат законот за безбедност на патиштата, законот за прекршоци, законот за возила, кривичниот законик, како и законот за изрвршување на санкции. Законите треба да претрпат решение, бидјеќи само така ќе дојдеме до безбедна држава во сообраќјот, рече тој.
“Со измена на закони, најмалку пет како законот за безбедност на патишта, законот за прекршоци, законот за возила, кривичниот законик и законот за извршување на санкции се клучни закони, кои што треба да претрпат измени, доколку сакаме да поставиме функционално системско решение. Денес на оваа трибина се вклучени скору сите институционални фактори во рамки на нашето општество за, кои што можат да дадат значителен допринос во рамки на она што го работиме. Овде се присутни професори, од министерство за правда, од јавното обвинителство, од судовите, од републичкиот совет за безбедност на патничкиот сообраќај. Сметаме дека со ваков инклузивен пристап на сите фактори во општеството со една транспарентна, ќе дојдеме до сите она што го посакуваме за тоа е безбеден град и држава во сообраќајната неколутруа која што имаме и се надева дека ќе ја кренеме на еден многу висок степен. Нашата првична цел е никогаш да немаме по 142 жртви, како последица на сообраќајни незгоди.“ вели Тошковски
До месец април, Тошковски вели дека законите очекува да влезат во владина продецудура, а кон крајот на истиот месец во собраниска процедура
“Се надевам дека до крајот на месец март ќе имаме првична верзија на сите закони, кои што ќе треба да влезат во процедура се со цел да во месец април влезат во владина процедура, а се надевам и до крајот на април да лезат и во собраниска процедура.“додава Тошковски
Инаку, како што и посочи министерот Тошковски, целта на ваквите промени не е да се казнуваат граѓаните, туку основната цел е да се внесе ред во сообраќајната култура.
Иван Митев, М-Нет