
Странски цени на пазарот во Штип. И овој петок купувачите пазаруваа само она што е неопходно. Компир, зелка, банана, мандарина и јаболка, тие најмногу купуваа на денешниот пазарен ден. Иако продавачите цените ги прават се повеќе пристапни и покрај тоа што за некого и тоа е неисплатливо, но сепак граѓаните децидни дека цените не се пристапни за нивниот џеб.
Продавачите за М-Нет телевизија велат дека производство има доволно, па според квалитетот се одредува и самата цена. Истакнаа дека сепак за секого има производство.
Инаку, овој петок на речиси секоа тезга се продаваше и марулата и свежиот млад кромид, како и целерот, брокулата и спанаќот. Јаткастите плодови и денес беа не изоставен дел од продажбата и понудата на продавачите.
Иван Митев, М-Нет