
Поради најавените лоши временски услови, Street Food Festival Vol.2 се поместува за во јуни, односно од 19 до 21 јуни. Организаторите велат дека наместо дождливо време, сакаат посетителите да уживаат во вистинска фестивалска атмосфера со многу музика, вкусна храна и добра енергија. Одлуката е донесена со цел фестивалот да помине во најдобро можно издание и со поголема посетеност. Програмата останува иста, како што беше најавена и за сега, со сите планирани содржини и настапи. Организаторите ги повикуваат граѓаните да си го резервираат новиот термин и да бидат дел од тридневната street food забава во јуни.
,,Поради најавените лоши временски услови, Street Food Festival, го ставаме на кратокa paуза. Затоа фестивалот се ОДЛОЖУВА за 19-21.Јуни!
Сакаме да ви приредиме вистинско street food доживување — со сонце, музика, вкусна храна и добра енергија како што доликува.“, велат од организацијата
Очекувањата се дека со промената на датумот, фестивалот ќе се одржи во подобри временски услови и со поголема посетеност. Се верува дека новиот термин ќе донесе пријатна атмосфера и уште подобро фестивалско доживување.
Иван Митев, М-Нет