
Овој викенд во Штип се отвори новиот фитнес центар „PowerFit“ by Емил Павлов.
Во новиот фитнес центар ќе се работи со рекреативци, но ќе има и три пакети односно кросфит тренинзи, функционални тренинзи и пакет за професионални спортисти кои што ќе имаат можност за подобрување на нивните спортски перформанси.
Во изјавата за телевизија М Нет успешниот каратист Емил Павлов вели дека е среќен што се реализира неговата идеја.
Штип и Источниот регион сега добиваат место каде што ќе можат да ги подобрат своите спортски перформанси.
Александар Ванев, М-Нет