Дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип го одбележаа Денот на планетата земја

Со спортски игри од натпреварувачки карактер, најмалите го одбележаа Меѓународниот ден на планетата земја 22 Април. Дечињата од големите групи од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип, денеска на игралиштето Бело Брдо, учествуваат во активности подготвени заедно со нивните наставници. Целата е да се зачува здравјето на децата, но и животната средина. Настанот е поддржан од страна на Општина Штип.

„Денес е 22 април Денот на планетата земја. Дечињата од детската градинка Вера Виривири Трена го одбележаа овој ден преку игри, со кои ќе научат како да селектираат и како да ја зачувуваат природата. Покрај тоа што со игрите го одржуваат здравото тело ќе учат и како да да ја зачуваме природата.“ – вели Ангеличкова.

Во меѓувреме изминатиот период во детските градинки се спроведоа предавања за селекција на отпад. Директорката Ангеличкова вели дека предавањата даваат резултат, а тоа е првиот чекор децата да научат да сеЛектираат отпад и тоа да го практикуваат.

„Тоа е една целина, прво ги учиме, а потоа треба да се покаже колку предвањата вродиле со плод. Сведоци сме дека децата учат, па честопати велат дека одредено губре треба да заврши во плавата или зелената корпа за отпадоци“ – додава Ангеличкова.

Среќени што се дел од овој настан се и најмалите кои беа дел од игрите и настанот за одбележување на денот на планетата.

Активностите за зачувување на чиста животна средина и чиста планета продолжуваат и во наредниот период.

Лаура Стојанова М-Нет