M-Нет телевизија во посета на градот Трикала Р.Грција по повод божикните празници

Започнуваат празнувањата на празникот Божик за сите христијани од католитичка вероисповед. За таа цел М-нет телевизија во изминатиот период ја имаше честа да биде дел од празничната магија во градот Трикала Р.Грција. Накитени елки, украсени улици и мостови, рингишпил, дедо мраз, дрвени кукички, греано вино, топли колачи и многу други работи може да се види секоја година на ова место, пред празникот Божик. Секоја година традиционално овде сите училишта настапуваат со своите училишни хорови со што ја доловуваат празничната магија, а она што посебно дава приказ за дочекот на овој празник е храната која што има неодолив вкус. Овде луѓето веруваат дека празникот треба да го дочекаат во најдобро светло, па затоа тие на дело ги покажуваат сите своие таленти, дали тоа пеење, свирење, готвење, па дури и танцување.

Инаку, стара мелница на ова место е вистинското место каде може да се воочи стариот стил на градот и да се разгледа просторијата на дедо мраз, која е дополнителен восхит за секој посетител. Самата мелница е на 5 ката и секој еден од нив има што да покаже. Поради самиот факт дека во градот постои токму оваа магична и божикна магија, ова место е наречено и како Божикното село трикала во кое бог креирал чудо во кое и дедо мраз може да биде магионачар.

Лаура Стојанова, М-Нет