Новогодишен концерт на катедрата Етнокореологија при УГД Штип, влезот е бесплатен


Утревечер со почеток од 19 часот катедрата за Етнокореологија од музичката академија при УГД Штип ќе има свој новогодишен концерт. На концертот учество ќе зедат студентите од овојт отсек, а истиот ќе се оддржи во концертната сала на мултимедијалниот центар при Економски факултет во Штип. Штипјани утревечер ќе имаат можност да уживаат и преку мелодииите на старите инструменти и во сеќавање да се навратата на некогашното минато на своите баби,, дедовци, прадедовци. Ќе се испеат заборавените песни, стари, посебни со уникател стил, но ќе се проследат и ората кои некогаш биле дел од забавата на македонецот. Се повикуваат сите сограѓаните да присуствуваат, бидејќи влезот ќе биде песплатен.

Лаура Стојанова, М-Нет