Да се патува користејќи го магистралниот пат А3 кој ги поврзува градовите во крајниот исток Кочани, Македонска Каменица, Делчево сеуште има голем ризик бидејки одронот кој се случи синоќа е уште е активен.
Додека бевме на лице место од разговорот меѓу себе помегу работниците кои го чистат и нивните претпоставени а тоа се неофицијални информации едноставно не знаат што да прават и како правилно да постапат ако се одлучи на целосно одстранување на паднатите карпи може да дојде до повлекување и на целиот рид теренот е таков што и при најмала интервенција за дстранување веднаш продолжува па паѓа нова земја и камења.
Како што забележавме на терен најверојатно сега за сега ќе се додаде одредена количина на песок за порамнување на онаа земјена површина што е до самиот пат асфалт за да изнајде алтернатива, некој начин возилата да го преминуваат овој одрон и патната делница да се пушти во употреба а што конкретно ќе се направи од страна на надлежните и засегнати институции останува нивните експертски екипи да направат проценка како да дејствуваат и времето да покаже што ќе се случи.