
Сообраќајна незгода се случи утринава во Општина Штип, на булеварот „Гоце Делчев“, кога дошло до судир на две возила патничко возило „астра“ и товарно возило „сканиа“. До сообраќајната незгода дошло кога патничкото возило го пресекло патот на спротивната лента и се судрило со товарното возило. На лице место беше екипата на Секторот за внатрешни работи Штип, при што се изврши увид. По првичните информации има и повредени лица, кои веднаш се пренесени во болницата во Штип. Сообраќајот на овој патен правец се регулираше од страна на полициски службеници. Се очекува и разрешување на проблемот во најкраток можен рок. Инаку, на овој булевар ова не е единствената сообраќајна незгода, но прва е за оваа година. Ова како едно од најфрекфентно места во Општина Штип, постојано преставува место на злосторот, бидејќи овде се случуваат и најчестите сообраќајни незгоди. На овој булевар пред неколку години беше прегазено и дете, па после страшниот настан се изгради и новиот кружен тек во оваа Општина.
Лаура Стојанова М-Нет