Кога и како се употребуваат светлата при управување моторно возило?

Според Законот за безбедност на сообраќајот по патиштата соборените светла се користат и дење и ноќе. Меѓутоа честопати се случува учесниците во сообраќајот да користат друг вид на светла, кои не се претпорачани од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот попатиштата, а воедно истите им пречат при возењето на останатите учесници во сообрачајот. Станува збор за така наречените лед светла, кои се почесто се користат. Меѓутоа од РСБСП известуваат дека нема прецизни податоци за тоа колкав дел од возачите користат лед светла.

Според ЗБСП возачот задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Во спротивно следува казна од 15 евра дење и 35 евра во денарска противвредност ноќе.

Возачот при управување на моторно возило има право да користи и долги светла. Посојат исклучоци, и за истите побараваме објаснување од Ристо Манчев од РСБСП.

„ За осветлување на патот, возачот на моторно возило по правило ги употребува долгите светла. Возачот на моторно возило е должен наместо долгите светла за освелување на патот да ги употребува соборените светла во случај на:
-пред разминување со друго возило на оддалеченост од која ке отцени дека со светлата на своето возило го заслепува возачот на возилото што му доаѓа во пресрте
-кога возачот на возило со кое се разминува ќе премине на соборени светла или кога со најизменично палење и гасење на светла го употребува дека долгите свтла му пречат, а секогаш на оддалеченост помала од 200 метри
-за времето додека на кратко растојаниесе движи зад друго возило во таква положба што со долгите светла на своето возило го заслепува возачот на возилото пред себе
-за времето додека со возилот минува покрај организирана колона на пешаци
“ –  во писмено соопштение за М Нет кажа Ристо Манчев од РСБСП.

Исто така, во временски услови на магла возачот задолжително треба да ги има запалено соборените светла за осветлување на патот или светла за магла или двете светла истовремено.

„ Светлата за магла може да се употребуваат само во услови на магла или во случај на намалена видливост. Намалената видливост постои ако заради неповолни атмосверски или други временски прилики (магла, снег, дожд, прав, чад и сл.) возачот не може јасно да ги воочи другите учесници во сообраќајот на оддалеченост од најмалку 200 метри на пат надвор од населба, односно од најмалку 100 метри на пат во населено место.“ истакна Манчев

Возачите не смеат на предната страна да имаат светлосини, светлосни сигнали или рефлектирачки уреди што даваат светло со црвена боја, а на задната страна уреди што даваат светло со бела боја.

Од РСБСП апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, и правилата за употреба на светлата со цел да се заштитите себеси и другите учесници во сообраќајот.

Лаура Стојанова М-Нет