Теа Трајковска е една од нашиве пејачки која секогаш е различна од останатите по музичките нумери и стилот. Својата музичка кариера ја започнува уште од своето детство. И веќе 7 години се занимава со музичката професија. Секогаш бара своја оргиналност и тоа ја издвојува од музичкото небо кај нас. Ситуацијата со Ковид-19 ја погоди и нејзе, се избори со таа битка. Вели дека, најважно е да ја сфатиме сериозноста на овој вирус и пред се’ да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19. Среќна е што таа и нејзините се добри и се поминало во најдобар ред.
„Ситуацијата со Ковид-19 е навистина лоша и треба сите да ја сфатиме сериозно. Се надевам дека со вакцините ќе се реши ситуацијата и конечно овој кошмар ќе помине. Фала му на Бога што заедно со моето семејство сме добри и се помина во најдобар ред.“ Изјавува, Трајковска
Кога станува збор за музичката сцена, Трајковска се радува на новите проекти на кои моментално работи. Среќна е и во исчекување за новите песни кои сака да ги подари на своите фанови. И како што вели, воовој проект ќе ја има само позитивни вибрации и позитивна мисла.
„Многу се радувам на мојот нов музички проект и навистина ми е многу драго. Се надевам дека ќе им се допадне на моите фанови.“ Изјавува, Трајковска
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет