Бројот на новозаразени од Ковид 19 расте. Ќе доведе ли ова до нови рестриктивни мерки?

Расте бројот на новозаразени од Ковид 19 во државата. Алармантните високи бројки на пациенти позитивни на корона вирусот, но и големиот број на починати, зборува за фактот дека рестрективните мерки треба да се зголемат. Во изминатото деноноќие од направени 1258 тестирања, позитивни се 284 новозаразени пациенти, од кои Кочани 17, Штип 10, Берово 2, Делчево, Виница и Пробиштип по еден нов случај. Се полнат клиниките, но полни се и угостителските објекти. Зошто бројот на заразени пациенти од Ковид 19 постојано се зголемува?

Според  податоци од Институтот за јавно здравје, смртноста кај мажите од вирусот е поголема споредбена со смртноста кај жените. Изминатата година на ниво на државата како последица од Коивд 19 починале 3 340 луѓе, од кои 2094 се мажа а 1246 жени. Најголем број од заразените лица од корона вирусот се лица над 60 години, но со појавата на новиод британски сој се зголемува и бројот на заразени лица до 30 години. Исто така, обичните маски помалку го спречуваат ширењето на британскиот сој на корона вирусот, па се препорачуваа повеќе да се употребуваат КН95 заштитните маски.

Од друга страна пак, половина од месец март помина, а состојбата со имунизација на населението во нашата држава исто така загрижува. Сеуште се вакцинираат здравствените работници и тоа со едвај 11 илјади вакцини, 8 000 од „Фајзер“ кои пристигнаа како донација од Република Србија, и 3 000 руски факцини „Спутник В“. Прогнозите на премиерот Заев беа дека до крајот на месецов ќе пристигнат поголеми количини вакцини, но се уште не се знае ни кога ни колку.

Лаура Стојанова М-Нет