
Овој викенд ќе преставува одбојкарски празник за штипските суперлигашки екипи. Нашиот град ќе биде домакин и организатор на двоен програм на кој најпрвин ќе настапат штипските девојки а потоа и момците. Со почеток во 15.00 часот во спортската сала Јордан Мијалков ќе се сретнат женските екипи на УГД Студент и на Македонија Макс. Во вечерниот термин од 19.00 часот во истата сала ќе се сретнат машките екипи на Штип УГД и на Лирија. Секретарот на одбојкарските клубови Методи Папаров ексклузивно најави дека конечко во недела ќе стартуваат и младинските лиги на македонија во машка и во женска конкуренција. Карактеристично за овие лиги е тоа што првенството се организира турнирски а нашиот град ќе биде домакин на женските екипи на УГД Студент, Куманово и на Весна Пробиштип кои ќе се натпреваруваат во недела во спортската сала Јордан Мијалков. Машката младинска екипа на Штип УГД ќе настапи во недела во Скопје а покрај нив ќе учествуваат уште екипите на Шкендија, Џио Струмица и Јанта Волеј.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk